Истражете ги нашите алатки

Заштита на пристапот до информации

Заштита на пристапот до слободниот и отворен интернет

Outline му олеснува секому да создаде своја виртуелна приватна мрежа (VPN) така што овозможува побезбеден пристап кога и ако интернетот е прекинат. Outline има независно ревидирани безбедносни контроли и силно шифрирање за да ви помогне да ја зачувате приватноста на вашата комуникација. Intra е апликација за Android што штити од манипулација со сервер со имиња на домени (DNS), тип компјутерски напад што може да се користи за блокирање веб-сајтови и крадење на податоците на луѓето.

Заштита на лични сметки

Програмата „Напредна заштита“ (APP) е најсилната безбедносна понуда на Google, дизајнирана да ги заштити сметките на Google на лицата коишто се најмногу изложени на ризик од насочени напади. Овозможува врвна заштита од сѐ поразвиените методи што ги користат напаѓачите.

Заштита на разговорите онлајн

Perspective им олеснува на модераторите да ги филтрираат коментарите што поттикнуваат омраза или вознемируваат. Perspective користи машинско учење за да идентификува токсичен јазик, што им помага на издавачите и платформите да хостираат побезбедни разговори онлајн.

Заштита од манипулација

„Препознавање манипулативни содржини“ е техника за спречување на обидите за манипулација онлајн. Ги предупредуваме и ги подготвуваме луѓето да препознаваат и да побиваат манипулативни тврдења, а така стекнуваат отпорност на дезинформации во иднина.